На УКИМ почнува запишувањето студенти за 2018/2019
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре ќе се спроведе првиот рок за пријавување на кандидатите за запишување во прва година додипломски студии во академската 2018/2019 година.
Согласно со новиот Закон за високо образование, почетокот на студиската година наместо на 15 септември ќе биде на 1 октомври, како што почнуваше до пред десетина години.
Според Конкурсот кој УКИМ го објави во јуни, слободни се вкупно 11.661 места, од кои за редовни во државна квота има 5.913, редовни со кофинансирање на студиите 4.573 и за вонредни студенти 1.175 места. Како и во минатите години, цената за редовно студирање е 200 евра, а за кофинансирање на студиите и за вонредни е 400 евра.
Условите и критериумите за запишување и потребните документи се појаснети во Конкурсот, објавен на веб-страницата: www.ukim.edu.mk.
Вториот рок за упис на УКИМ е на 13-ти и 14 септември, а третиот рок на 24 септември на факултетите на кои ќе има слободни места.
Ново на Сител
-
Украинската армија вели дека нападот во текот на ноќта врз Русија бил „најмасовниот“ од војната
-
Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО
-
Децата ја наследуваат интелигенцијата од мајката, според новите истражувања
-
Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус
-
Гвардиола: Ни требаат нови луѓе
-
Приведени скопјани барани со потерници
-
Пронајдена дрога кај осуденик во битолскиот затвор
-
Германија: „Дубаи чоколадо“ е само она што се произведува во ОАЕ