Санација на градинките во општина Кисела Вода
Општина Кисела Вода информира дека се санираат градинките на нивната територија.
Во објектот „Ѕуница“ при ЈДГ „8 Март“ во селото Драчево се врши бетонирање на пукнатата покривна плоча и се вршат поправки на лимената конструкција на покривот. Се врши и санација на внатрешниот таван во градинката, како и санација на оштетени ѕидни површини. Во тоалетите се врши замена на вентили, на дотраени чешми, а се изведуваат и други поправки и се отстрануваат дефекти. Во тек е поставување котел за загревање со биомаса.
На објектот „Пеперутка 1“ во населбата Драчево се поправени плафоните на влезовите од направени штети предизвикани од поројни дождови.
Градежни активности се одвивале и во објектот „Пржино“ при ЈДГ „8 Март“, каде во дел од градинката се извршила поправка на подната подлога, оштетена од поројни дождови пред да се изврши поправка на покривната конструкција.
- За време на санациите во објектите децата се згрижени во други простории во нивните градинки, со цел да им се обезбеди безбеден престој, соопшти општина Кисела Вода. Оттаму додаваат дека санација на воспитно-образовните објекти ќе продолжи и ќе се работи секаде каде што потреба.
Ново на Сител
-
Почина македонскиот репрезентативец и тренер Александар Јовиќ
-
Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
-
Разузнавачки агенции: Инаугурацијата на Трамп потенцијална цел на екстремистите
-
Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија Опен
-
Њу Делхи е најзагадениот град во светот, густата магла ги одложува летовите и поаѓањата на возовите
-
Неизвесно дали Илире Даути по интерпелацијата ќе биде разрешена или ќе даде оставка
-
Уапсен суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол
-
Македонските ракометари против фаворитот Унгарија ги почнуваат настапите на СП 2025