Реконструкција на водоснабдителниот систем во Куманово
- Утре ќе се одржи првиот работен состанок со фирмата изведувач ЦМЦ од Скопје, изјави директорот на претпријатието, Горан Стојковски.
Кумановски „Водовод“ аплицираше за овој проект во Министерството за транспорт и врски во 2014 година. Проектот е одобрен, а одвоени се средства од Европската Инвестициска Банка во висина од 861.000 евра.
Проектот предвидува неколку фази на имплементација, меѓу кои замена на постоечката мерна опрема во Филтер станицата со нова која ќе биде поставена на три локации во високата зона од градот, а ќе се постави и опрема за следење на нивото на двата резервоари во рамки на водоснабдителниот систем. Планирана е изведба на СКАДА систем со кој далечински ќе се следат параметрите со кои ќе се утврди количината на испорачаната и фактурираната вода. Во рамки на овој проект предвидено е и оспособување на две простории што ќе се користат за баждарење и пескарење водомери.
Ново на Сител
-
Вкупниот број на осомничени за пожарот во Кочани досега е 34 лица
-
Вучевиќ: Викендов ќе се одржи првиот состанок за движењето за народот и државата
-
Кривична пријава против шест лица за несовесно работење во службата
-
Просечната нето плата во јануари 43.050 денари
-
Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци
-
Почина 18-годишниот Вукашин, шеснаесетта жртва на трагедијата во Нови Сад
-
Отворена истрага за пожарот во Кочани
-
Приведени тројца дилери