Охрид и Мостар парафираа Меморандум за пријателство
Промоција и јакнење на пријателските врски помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина, воспоставување и продлабочување на соработката помеѓу Охрид и Мостар, се дел од одредбите содржани во Договорот што денеска го потпишаа претствници на двата града.
Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски и Радмила Комадина, директор на административната градска управа на Мостар со парафирањето на договорот се заложија за развивање и јакнење на врските помеѓу двата града и народите на двете држави, промоција и продлабочување меѓу Охрид и Мостар.
- Со оглед дека делиме заедничко минато, а двете држави тежнеат кон заедничко евроатланско асоцирање, веруваме дека и иднината може да ни биде заедничка и во интерес на двата града и граѓаните. Важно е што можеме сега заеднички да планираме и имплементираме проекти од интерес за двата града пред ЕУ фондовите, истакна градоначалникот Стојаноски.
Со потпишувањето на меморандумот, двата града кои се под заштита на УНЕСКО, ја потврдија и намерата заедно и истрајно да делуваат во областа на заштитата и промоцијата на своето природно и културно наследство, со размена на искуства во унапредувањето на јавната свест за значењето на статусот на листата на УНЕСКО.
- Пред потпишувањето на овој договор имавме повеќе средби и меѓу кои беше и потпишувањето на договорот за соработка помеѓу Охрид, Дубровник, Котор и Мостар, како градови под заштита на УНЕСКО. Со потпишувањето на овој документ започнуваме нова етапа за конкретизирање на меѓусебната соработка во сите области од заеднички интерес, рече од своја страна претставничката на Мостар Радмила Комадина.
Заедички став на двете делегации е дека потпишувањето на договорот отвора широк хоризонт за јакнење на искрените и пријателски врски на двата града и нивните граѓани.
Ново на Сител
-
Зеленски предлага 30-дневно, наместо 30-часовно примирје, како што објави Русија
-
Продолжуваат протестите во Турција поради приведувањето на градоначалникот на Истанбул
-
Почина Тоше Поп-Симонов
-
Москва и Киев разменија воени заробеници пред Велигден
-
Собир на вработени во РТС: Ако раководството не ни се обрати итно – ќе сметаме дека се повлекле
-
Пронајден возачот кој во Скопје со „фиат” удри во тротинет
-
Путин објави велигденско примирје - запираат сите воени операции
-
Бискуп Киро: Велигден не познава ,,наш" и ,,ваш" календар - да се молиме за заедничко чествување затоа што тој му припаѓа на Христос