Продолжуваат протестите во Турција поради приведувањето на градоначалникот на Истанбул
Антивладин протест организиран од најголемата турска опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) за поддршка на уапсениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, беше одржан денеска во Јозгат, град во централна Турција кој се смета за традиционално упориште на Партијата на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
– Јозгат, кој вообичаено ја поддржува АКП на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, го скрши стереотипот, порача на митингот лидерот на ЦХП, Озгур Озел.
Како дел од протестот, стотина земјоделци со трактори денеска блокираа патишта во централана Турција. Во март, десетина локални фармери беа казнети поради организирање демонстрации на трактори, по апсењето на Екрем Имамоглу.
На митингот во Јозгат беше прочитано писмо од Имамоглу во кое тој повикува на предвремени избори.
Денеска се навршува еден месец од притворањето на Имамоглу. На 23 март, судот нареди Имамоглу да биде ставен во притвор под обвиненија за корупција, што тој ги негира. Апсењето на Имамоглу предизвика масовни протести во поголемите градови во Турција, кои доведоа до судири со полицијата, а стотина луѓе беа приведени.
Имамоглу беше официјално номиниран за претседателски кандидат на ЦХП откако беше приведен. Претседателските избори треба да се одржат во 2028 година, но може да се одржат и порано. За опозицијата затворањето на Имамоглу е политички мотивирано, иако владата инсистира на тоа дека судството во Турција е независно и ослободено од политичко влијание.
Митингот во градот Јозгат е втор од серијата што лидерот на ЦХП, Озел, најави дека ќе ги одржува секој викенд во различни области во Турција, повикувајќи на ослободување на Имамоглу под слоганот „Народот се залага за својата волја“. Првиот протест се одржа минатата недела во црноморскиот град Самсун. Исто така, протести се одржуваат секоја среда во различна област на Истанбул.
Ново на Сител
-
Папата Лав Четиринаесетти го прими Зеленски
-
Зеленски се сретна во Венс и Рубио во Рим
-
Скопјанец ограбил казино и ја нападнал вработената
-
Возач на четирицикл од Куманово тешко повреден во Кавадаречко
-
Две лица на кошаркарски натпревар во Куманово нападнале играч и пробале да му го соблечат дресот
-
Двајца кумановци, управители на угостителски објект, пуштале гласна музика во денови на жалост за трагедијата во Кочани
-
Путин: Резултатот од војната во Украина треба да биде долгорочен мир и безбедност за Русија
-
Рубио: Русија подготвува документ со барања за прекин на огнот во Украина