-->
-->
Почна состанокот на Брдо-Бриони процесот во Скопје
-->

Учесниците на почетокот ги пречекаа македонскиот претседател Ѓорге Иванов, како домаќин и претседателите на Хрватска и на Словенија, Колинда Грабар Ќитаровиќ и Борут Пахор, како претставници на земјите иницијатори на овој процес.
На состанокот присуствуваат и претседателите на Србија Александар Вучиќ, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Албанија Илир Мета, на Косово Хашим Тачи, како и претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ. Специјални гости на состанокот во Скопје се претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов.
Според агендата, предвидено е заедничка прес-конференција да одржат претседателите Иванов, Грабар Ќитаровиќ, Пахор, бугарскиот премиер Борисов и претседателот на ЕС Доналд Туск.
Поради гостувањето на шефовите на држави во Скопје одреден е прв степен на безбедност и тоа од копно и од воздух. Хеликоптери го надлетуваат главниот град, а има и посебен сообраќаен режим на неколку булевари.
Состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони во Скопје ќе го проследат вкупно 156 акредитирани претставници на медиумите, 116 од Македонија и 40 од странство.
По завршувањето на официјалниот дел од состанокот, претседателот Иванов за своите гости ќе приреди вечера во еден скопски хотел. На менито се традиционална македонска храна и домашни вина, а ќе ги забавува македонскиот бенд Баклава, со нивни авторски и изворни македонски песни.
Процесот Брдо-Бриони прв пат се одржа во 2013 година на иницијатива на претседателите на Словенија и Хрватска. Називот на ицијативата е поради споделената идеја на претседателите на двете земји, на Брдо кај Крањ се одржува првиот состанок на лидерите од регионот, а Бриони, е во чест на ко-организаторот и партнерот во иницијативата, Хрватска.
Главната цел на Процесот Брдо-Бриони е европска интеграција на земјите од регионот и стабилизирање на состојбите во Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Засилени контроли за увозното овошје и зеленчукот за заштита од пестициди
-
МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки
-
Минусни температури утрово, преку ден до 16 степени
-
Венс: Најдобра гаранција за безбедноста на Украина е економска соработка со САД
-
Меѓународниот суд на правдата на ОН го избра судијата Јуџи Ивасава за нов претседател
-
Трговска војна во Северна Америка: Трамп воведе царини, Канада и Мексико најавуваат одговор
-
ИНРМ бара да се врши месечно отчитување на броилата
-
Француски премиер: Зеленски покажа достоинство пред притисокот од Трамп