Француски премиер: Зеленски покажа достоинство пред притисокот од Трамп
Францускиот премиер Франсоа Бару го поздрави украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговата одлучност во дебатата со американскиот претседател Доналд Трамп.
Бару изјави дека средбата меѓу двајцата лидери во Белата куќа била „зашеметувачка сцена, обележана со бруталност и желба за понижување“.
– За чест на демократската одговорност, за чест на Украина и, би рекол, за чест на Европа, претседателот на Украина не потклекна.
Мислам дека можеме да му изразиме благодарност за тоа, рече францускиот премиер во обраќање пред парламентот.
Бару истакна дека Европа е многу посилна отколку што самата мисли и дека треба да престане да се однесува како да е слаба.
– Бруто-домашниот производ (БДП) на Европската Унија, заедно со оној на Обединетото Кралство, е десет пати поголем од оној на Русија.
Ако ги споредиме арсеналите, нашите континентални вооружени сили, заедно со британските, броиме над 2,5 милиони професионални војници, што е 25 отсто повеќе од руските сили.
Имаме 3,000 борбени авиони, двојно повеќе од Русија и САД, нагласи францускиот премиер.
Ново на Сител
-
Тепачка, димни бомби, Брза помош - Хаос во српското Собрание | ВИДЕО
-
МАЕИ дел од изборната коалиција предводена од ДП на Бериша
-
Кривична за директор на основно училиште во Делчево
-
48-годишен мотоциклист загина во сообраќајка во близина на „Негорски бањи“
-
На полицаец во Крушево му го украле пиштолот
-
Топ-10 листа најплатени глумци за 2024 година
-
Му се слошило додека работел, 31 годишен Косовец почина во Гостивар
-
Средба на премиерот Мицкоски со неговиот унгарски колега Орбан