Ники Хејли: САД се солидарни со Лондон, Русија е одговорна за труењето на Скрипал
САД се солидарни со Велика Британија и сметаат дека Русија е одговорна за труењето на поранешниот припадник на руското воено разузнавање ГРУ, Сергеј Скрипал, изјави синоќа американската амбасадорка при ОН, Ники Хејли.
- Дозволете да се изразам јасно. САД се апсолутно солидарни со Велика Британија уште од самиот почеток. САД сметаат дека Русија е одговорна за нападот врз двајца луѓе во Велика Британија со употреба на отровни супстанции од воен тип, кои имаат нервно-паралазирачко дејство, изјави Хејли.
Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, претставникот на Белата Куќа, Раџ Шахденес вчера изјави дека претседателот Доналд Трамп телефонски разговорал со британската премиерка Тереза Меј, при што укажал дека САД целосно ја подржуваат Велика Британија во однос на „случајот Скрипал.“
Шах изјави дека Трамп ги прифаќа заклучоците на Велика Британија за тоа дека Москва е вмешана во труењето на поранешниот разузнавач.
Во меѓувреме, и амбасадорот на Франција при ОН, Франсоа Делатр, иста така изрази солидарност со Лондон.
Сергеј Скрипал, кој е пораншен полковник во ГРУ, и неговата ќерка Јулија минатата недела беа најдени во критична состојба на клупа во градски парк во англискиот град Солсбери. Тие сега се в болница и се наоѓаат во кома додека лекарите се борат за нивните животи. Се претпоставува дека тие се жртви на атентат со употреба на нервно-парализирачки гас.
Жртви на гасот се уште 19 други поединци и сите тие, освен еден полицацец кој истражувал на местото на настанот, се пуштени на домашно лекување.
Ново на Сител
-
Тепачка во бугарскиот Парламент поради одлуката за преминување на евро | ВИДЕО
-
Јадар во Србија меѓу 13 стратешки проекти на ЕУ со критични минерали
-
Трамп разговарал со Путин - не бил разговор што „ќе доведе до моментален мир“
-
Захарова: Западот е соучесник во украинските напади врз цивилни цели во Русија
-
Новите кадровски решенија на Владата на дневен ред на собраниска седница во понеделник
-
Побаран вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци
-
Париз домаќин на преговорите за трговија меѓу САД и ЕУ
-
Министерот Мисајловски во Брисел на состанок на министри за одбрана на НАТО