Македонија
23. February 2018 - 15:32

Асани на Самит за железници во Прага

Директорот на ЈП Македонски Железници Инфраструктура – Скопје, Ирфан Асани, учествуваше на шестиот меѓународен Самит за железници, што се одржа во изминатите два дена во Прага.

- Асани оствари средби со делегати и експерти на консултативни состаноци, а присуствуваше и на сесии на конференцијата на кои излагања имаа претставници од Меѓународната унија на железници, Директоратот за мобилност при Европската Комисија, Заедницата на европски железнички и инфраструктурни компании  и Агенцијата за железници при ЕУ, соопшти ЈП МЖ Инфраструктура.

Самитот беше посветен на развивање на железничката инфраструктура и транспортот по железница со цел поголема поврзаност, мобилност и соработка, развојот на Трансевропската транспортна мрежа (TEN-T) како и на справување со предизвиците  за подобрување на искуствата на патниците и задоволство кај клиентите – корисници на железнички услуги.