„Исцелител“ на 1 февруари премиерно на фестивалот во Санта Барбара
Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески на 1 февруари премиерно ќе биде прикажан на престижниот филмски фестивал во Санта Барбара, Калифорнија.
Филмот ќе има уште две проекции во текот на фестивалот и ќе се прикажува во компетитивна селекција на интернационални филмови заедно со уште 11 филма.
Ова е 32. издание на интернационалниот филмски фестивал во Санта Барбара. Со своите активности, тој последните години е еден од водечките филмски фестивали во САД, кој нуди дела од независната и интернационална кинематографска сцена и привлекува повеќе од 90.000 гледачи.
Во рамки на фестивалот се оддаваат и посебни признанија на филмските ѕвезди. Некои од добитниците на наградите од изминатите години се Анет Бенинг, Мартин Скорсезе, Квентин Тарантино, Џенифер Лоренс и Шарлиз Терон, а овогодинешна добитничка е Серше Ронан за улогата во филмот „Lady Bird“.
„Исцелител“ викендот премиерно беше прикажан во Кочани, каде двете проекции беа проследени со огромен интерес од страна на многубројната публика. Филмот веќе девета седмица се прикажува во кината во Скопје, а досега имаше и проекции во Битола и Штип. „Исцелител“ во кино салите досега беше прикажан пред повеќе од 10.000 домашни гледачи.
Ново на Сител
-
Кога една остварена цел, отвора можност за нова | Славјанка Петровска | Sitel Podcast 069
-
Манчестер јунајтед има три победи и едно реми по отпуштањето на Тен Хаг
-
Пуштено на домашно лекување момчето тешко повредено при пукање во Арачиново
-
Само 23 отсто од Французите го поддржуваат Макрон
-
Ревија на стари автомобили се одржа во Тетово, најстар беше „Фиат“ од 1932 година
-
Релево: Реал сака да го ангажира Лапорта во зимскиот трансфер прозорец
-
САД: Државен службеник им наредил на работници да не им помагаат на гласачи на Трамп по ураган
-
Руската ПВО утринава соборила 70 украински дронови, од кои половината летале кон Москва