Иран и Русија бараат од САД да го почитува нуклеарниот договор
Министрите за надворешни работи на Русија и Иран, Сергеј Лавров и Мухамед Џавад Зариф денеска соопштија дека двете држави остануваат посветени на договорот за иранската нуклеарна програма.
Ваквиот став на двајцата шефови на дипломатии доаѓа по зачестените најави на Вашингтон дека ќе се откаже од договорот, со кој Иран доби олеснување на санкциите, а за возврат се согласи да ја замрзне својата нуклеарна програма за петнаесетина години.
При денешната средба во Москва, Зариф ги обвини САД дека водат деструктивна политика кон Иран.
Лавров, пак, ги повика сите земји потписнички на договорот, вклучително и САД, да го почитуваат договореното.
Договорот беше потпишан од Администрацијата на поранешниот американски претседател Барак Обама, а Администрацијата на Трамп жестоко ги критикуваше отстапките кон Иран.
Зариф и Лавров дискутирале и за состојбата во Сирија, каде двете држави го поддржуваа сирискиот претседател Башар ел Асад во борбата против бунтовниците.
Двајцата министри не ги спомнаа антивладините протести во Иран.
По посетата на Русија, Зариф има предвидено средби со раководството на Европската унија во Брисел.
Ново на Сител
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска
-
ОЈО почна истрага за членот на „Десна“ кој се ослободил од пиштолот со кој Палчо пукал
-
Кумановец возел со 2,37 промили алкохол во крвта па удрил во паркирано возило
-
Уапсени двајца возачи, едниот возел со 1,90 промили алкохол, другиот со 1,60 промили алкохол во крвта
-
Јаневска: Воведување на вештачката интелигенција е следен чекор во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем
-
Приведена бегалка од затвор, вратена е во КПУ Идризово