Во Струмица доделени два тона храна на социјално загрозени семејства
Организацијата Банка за храна во соработка со општина Струмица и партнер здружението Организација на жени доделија два тона храна на социјално загрозените семејства во Струмица.
Од Банката за храна велат дека од идната година планираат воведување системско решение за оваа акција.
- Традиционално во овој период делиме пакети за социјално загрозените семејства. Малку да им компензираме и да им ја ублажиме ситуацијата. Нашите интенции се од селдната година со локалните власти од Струмица, да воспоставиме системско решение. Ние сме членка на Евроспакта банка за храна, па сакаме тој систем да го прилагодиме и да го имплементрираме тука. Ја имаме поддршката и од премиерот Заев, со кого од Струмица го воведовме овој проект, да овозможиме барем еднаш месечно, најзагрозените да добиваат помош, рече Душко Христов од Банка за храна.
Освен во Струмица, проектот се спроведува и во општина Центар, Арачиново, Кавадарци и Кочани, а во најава е општина Куманово.
Според Христов, во Македонија околу 80 илјади жители живеат под прагот на сиромаштијта. А годинава Бакна за храна доделила над 100 тони храна за сиромашните семејства
Ново на Сител
-
Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино
-
ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица на опасно стрмно место меѓу село Кожле и Велес
-
Несудената актерка која го создаде Мој ДДВ | Сања Лукаревска | Неформално | Sitel Podcast 039
-
РКЕ најaвува продолжување на евтината тарифа до 16 часот
-
Во Чашка затекнати двајца дрвокрадци од Прилеп
-
Комесар на СЕ за човекови права: Со Резолуцијата за Сребреница, светот се залага за правата на жртвите
-
Пронајдена дрога кај девет гости во скопски дискотеки
-
Пожар во куќа во центарот на Штип