Џет-Сет
1. December 2017 - 22:58

Џеј - Зи призна дека ја изневерил Бијонсе

Спекулациите за брачните проблеми на Џеј-Зи и Бијонсе траат подолго време. Американскиот рапер и продуцент првпат и јавно призна дека ја изневерил. 

Тој изјави за Стајл магазин, дека поради проблемите што се појавиле  уште од детството, подигнал ѕидови кои придонеле за негово емоционално исклучување и неверство. 

- Најтешка работа е кога на лицето на тој што го сакате ќе видите болка која сте ја предизвикале. Тогаш ќе мора да се соочите сами со себе, рече Џеј- Зи.

Спекулациите за брачните проблеми почнале кога Џеј-Зи и Бијонсе во некои песни го наговестile неговото неверство.