Загинатиот Васко Саздовски во Нови Сад бил македонски научник
Меѓу загинатите на Железничката станица во Нови Сад, каде што бетонскиот покрив се урна од зградата на станицата, се наоѓаше и Васко Саздовски од Македонија.
Според информации на „Политика“, овој 45-годишен научник работел во Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, каде што се истражуваат и развиваат информатички технологии за земјоделството. Директорот на „Биосенс“, Владимир Црнојевиќ, ја потврди веста за „Политика“.
– Саздовски работеше во Центарот за сензорски технологии. Се вработи во водечка европска институција како искусен научник. Претходно имаше научна кариера, изјави Црнојевиќ за весникот.
Колегите на Саздовски се собраа во Институтот „Биосенс“ утрото по трагедијата. Според нивните зборови, Васко работел таму нешто повеќе од една година, во центарот за сензорски технологии, а речиси секој викенд го поминувал дома во Македонија, каде што живеат неговата сопруга и двете деца. На пат тргнал и кобниот петок, 1 ноември.
Македонската амбасада во Белград е во редовна комуникација со семејството на починатиот околу потребните административни процедури, за транспортирање на телото на починатиот во Македонија.
Ново на Сител
-
Тридневна жалост во Параќин поради смртта на петнаесеттата жртва
-
Мицкоски: Економската соработка со Косово ќе биде над половина милијарда евра
-
Стабилно време со утриснка магла до среда, а потоа дожд и ветер
-
СДСМ: Власта ги запостави домашните компaнии
-
Муцунски во Брисел
-
Блумберг: Ердоган планира на Зеленски да му предложи свој план за ставање крај на војната
-
Денот на албанската азбука неработен ден за припадниците на албанската заедница
-
Пронајдена дрога и пиротехника кај велешанец