Казната за Ратко Младиќ ударна вест во светски медиуми
Ударна вест на светските и регионалните медиуми е доживотната затворска казна за командантот на силите на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ.
Светските медиуми не покажаа интерес за изрекувањето на пресудата за Младиќ, но затоа главна вест беше пресудата - доживотен затвор за лидерот на босанските Срби.
„Младиќ е виновен за геноцидот во Босна“ е насловот на главната вест на сајтот на Би-Би-Си, а ударната вест на Си-Ен-Ен е „Ратко Младиќ виновен за геноцид, осуден за доживотна робија“.
И францускиот весник „Монд“ како и „Раша тудеј“ како вест на денот објавија за пресудата на Младиќ.
И светските новински агенции под ознаката итно објавија за пресудата за Младиќ.
Медиумите во регионот за разлика од светските медиуми со поголемо внимание го следеа судењето и изрекувањето на пресуда за Младиќ.
На сајтот на „Дневни аваз“ покрај главната вест дека Младиќ е осуден на доживотен затвор објавени се и наслови: „Насер Ориќ ексклузивно за Аваз: Судот го кажа своето, Младиќ мора да одговара и пред својот народ“, „Грабовица: Младиќ во судница покажа каква кукавица е“, „Мехмедовиќ: Младиќ ѕвер во човекова кожа, конечно дојде време да се престане со негирање на геноцидот“.
Порталот Кликс.ба објави десетина вести за Младиќ на својата насловна страница а меѓу најважните се: „Транспарент за Ратко Младиќ во Сараево: И без суд ние знаеме дека си виновен“, „Мунира Субашиќ: Жртвите никогаш неможат да бидат задоволени, ќе ја тужиме Србија и Република Српска“.
Радио Телевизија РС како ударна вест ја објави пресудата за Младиќ а лидерот Милорад Додик најави прес-конференција за попладне.
Судскиот совет на Хашкиот трибунал денеска го осуди Младиќ на казна доживотен затвор. Станува збор за првостепена пресуда, на која жалба ќе може да поднесат и Хашкото обвинителство и одбраната на Младиќ.
Тој е осуден за геноцид во Сребреница, прогон на муслимани и Хрвати ширум Босна и Херцеговина, тероризирање на жителите на Сараево и киднапирање на припадници на Мисијата на Обединети нации - Сини шлемови и низа други злосторства. Тој не е виновен за геноцид во седум општини во БиХ.
Со пресудата за Младиќ, Хашкиот трибунал завршува со работата.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада
-
Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев, конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку
-
Елмас се враќа во Италија како позајмен играч на Торино
-
Поради магла намалена видливоста на патните правци околу Битола и на патот Тетово – Попова Шапка до Гајре
-
Реакција на Здружението на социолози на новата Нацрт-концепција за гимназиско образование
-
Началникот на француската жандармерија оцени дека постои можност за вооружен конфликт во земјата
-
На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години
-
12-годишник и го нападнал синот на Скопјанка, таа го однела дома и го држела одреден период