Пахор и Шарец ќе се соочат во вториот круг на претседателските избори во Словенија
Словенечкиот претседател Борут Пахор убедливо победи на денешните претседателски избори Словенија, но не освои доволен број гласови за победа во првиот круг, соопшти доцна вечерва словенечката Централна изборна комисија, по преброени 99,9 проценти од гласовите.
Според овие резултати, Пахор освоил 47,07 отсто од гласовите и во вториот круг по две недели ќе се соочи со независниот градоначалник на Камник, Марјан Шарец, кој денеска доби 24,96 проценти од гласовите.
На трето место се пласира Романа Томц од конзервативната Словенечка демократска партија (СДС) со 13,74 отсто, пред Људмила Новак од партијата Нова Словенија - Христијански демократи (НСИ) со 7,15 проценти и Андреј Шишко од Движењето за обединета Словенија (ГЗС) со 2,22 отсто од гласовите.
Останатите четворица кандидати за словенечки претседател освоија помалку од два отсто од гласовите.
Одзивот на денешните претседателски избори во Словенија бил 43,57 отсто.
Според аналитичарот Борут Хочевар, ваквите изборни резултати претставуваат предупредување за словенечкиот премиер Миро Церар во пресрет на парламентарните избори што ќе се одржат во јуни или јули следната година, имајќи предвид дека кандидатот на неговата Партија на модерниот центар (СМЦ), Маја Маковец Бренчиќ освои 1,8 отсто од гласовите.
По објавувањето на прелиминарните резултати, според кои му недоставуваа под три отсто од гласовите за победа во првиот круг, Пахор, кој на изборите настапи како независен кандидат, изјави дека „ќе биде потребен пресврт“.
- Бевме подготвени за ваков исход од самиот почеток. Милсам дека ќе победам, но ќе мора напорно да работам до самиот крај, изјави Пахор пред своите приврзаници во неговиот изборен штаб во Љубљана.
Според него, во овие околности кога „довербата во политичарите е многу мала, ваквите резултати се охрабрувачки“.
Словенечкиот претседател во голема мерка има церемонијална улога во домашната политика, но сепак, според Уставот, тој е врховен командант на Вооружените сили и предлага повеќе носители на високи јавни функции, меѓу кои и гувернерот на Централната банка на Словенија.
Ново на Сител
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје