Гласањето почна навреме во Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран
Точно во 7 часот на територијата на општина Гевгелија беа отворени сите 37 гласачки места на кои жителите денеска имаат можност да гласаат на локалните избори.
Своето гласачко право можат да го остварат 19.413 граѓани кои се запишани во избирачкиот список. Досега гласањето се одвива без проблеми и во најдобар ред, рече Роберта Јанчева, претседателка на ОИК Гевгелија.
Навреме гласачкиот процес утрово почна и во општина Богданци каде на 12 избирачки места, според гласачкиот список, ќе гласаат 6.876 гласачи, соопшти Венера Зелева, претседателка на ОИК Богданци.
Во општина Валандово денеска се гласа на 24 избирачки места кои според информацијата од претседателот на ОИК, Илија Танчев, се отворени навреме. Процесот се одвива без проблеми, а право на глас имаат 10.121 граѓани.
Според избирачкиот список, најмалку гласачи во југоисточниот регион има општина Дојран. Според претседателот на ОИК, Митко Андонов, локалните избори почнале навреме на сите осум избирачки места каде ќе се изјаснуваат 2.753 гласачи.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението