Вежби на воени авиони на САД и Јужна Кореја над Корејскиот Полуостров
Американската војска испрати денеска неколку бомбардери Б-1Б и борбени авиони Ф-35 да учествуваат во воените вежби заедно со Јужна Кореја над Корејскиот Полуостров, покажувајќи ја својата сила пред Северна Кореја, соопшти Министерството за одбрана во Сеул.
- Бомбардери полетаа од Гуам, борбени авиони од Јапонија, а ним во вежбите им се придружија шест јужнокорејски борбени авиони, нагласи претставник од Министерството.
Кина и Русија денеска, исто така, започнаа поморски воени вежби во близина на брегот на Северна Кореја, во момент кога се зголемени тензиите поради нуклеарната програма на Пјонгјанг и во пресрет на заседанието на Генералното собрание на ОН.
Заедничките поморски маневри ќе се одржат меѓу Заливот Петар Велики, во непосредна близина на руското пристаниште Владивосток и кај руско-севернокорејската граница, и јужниот дел на Охотско Море, во подрачјето северно од јапонскиот брег.
Ова е втор дел на кинеско-руските поморски вежби оваа година, а првиот дел се одржа во јули на Балтичко Море.
Ново на Сител
-
Владината делегација, предводена од Мицкоски учествува на Самитот на НАТО во Вашингтон
-
Во Скопје вчера казнети 127 возачи, 13 немале возачка дозвола
-
Загина човек од удар од воз
-
САД информираат за втор воен заем за Полска во вредност од две милијарди долари
-
Бела куќа: Се уште има разлики во позициите на Израел и Хамас за договорот за прекин на огнот
-
Во Украина прогласен ден на жалост
-
По околу половина час се чека за влез во државава на ГП Табановце и за излез на ГП Богородица
-
Сончево со температура до 39 степени