Се гради патот до штипските Еврејски гробишта
Општина Штип почна со подготвителни градежни работи за асфалтирање на патот до Еврејските гробишта. Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов информира дека согласно потпишаниот меморандум со Еврејската заедница во Република Македонија и Амбасадата на Израел, општината има обврска да го изгради патот, а додека Еврејската заедница ќе треба да го уреди просторот околу гробиштата.
Должината на патот е околу 250 метри, а вредноста на проектот е 820.000 денари со вклучено ДДВ. Станува збор, нагласи Ристов, за проект кој е обврска на општината, согласно склучениот меморандум.
Во моментов пристапниот пат е тампониран, по што наредните денови се очекува градежна фирма и да почне со асфалтирањето. Ристов информира дека завршен е и тендерот за улицата „Тодор Чучков“, а во тек се тендерски постапки за улици во селата Врсаково, Долани и Суво Грло, средствата се обезбедени преку Агенцијата за подршка на руралниот развој.
Ново на Сител
-
Таравари: Утре првични информации за починатата родилка во Куманово
-
Болница Плодност: Со неверување ја примивме веста за прерано загинатите колеги, сочувство до семејствата
-
Ќе се испитуваат крв и урина од возачот на камионот
-
Снег во Словенија
-
Претреси во Кичево, пронајдена дрога
-
Мицкоски: Имам чувство дека состојбата во Украина ќе ја зголеми цената на струјата на берзите
-
Лекарот обвинет за смртта на Метју Пери, се изјасни за виновен
-
Утре и викендов повремен дожд, во сабота пообилни врнежи и силен ветер