„Поезија на пат“ вечер во Битола
Учесници на годинашниот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ продолжуваат со традиционалната манифестација „Поезијата на пат“ која вечер ќе се одржи во Битола.
Од НУ Центар за култура-Битола информираат дека со битолските поети и љубители на поезијата ќе се дружат поетите Роландо Катан, Линда Клакен, Хила Лахав, Волја Галеева и Дину Фламанд.
Роландо Катан е поет, библиофил, уредник и културен активист. Неговите дела се преведеувани на француски, англиски, италијански и арапски јазик и биле застапени во бројни списанија и антологии објавени во Америка, Европа и Азија. Неодамна станал член на Хондураската академија за јазик, а сега е претседател на Музејот на хондураскиот народ и ко-основач е на еден од најважните проекти од областа на културата од почетокот на 21-от век во Хондурас, ПаисПоесибле.
Линда Клакен, писателка и новинарка од Норвешка, која кариерата ја почнува во 2003 година кога е примена во престижната школа за пишување „Skrivekunstakademiet“ во Берген. Клакен е добитник на Министерската стипендија на Нордискиот совет за писатели во 2005 и 2006 во Гетеборг. Нејзината поезија е дел од голем број изложби во Осло. Деновиве Линда Клакен ќе ја објави нејзината прва детска белетристичка книга „Просто, просто срце“.
Хила Лахав е професионална музичарка и поетеса од Израел. Таа изведува рана музика како и класична турска, арапска и андалузиска музика на неј (турско/арапска флејта) и историски дрвени дувачки инструменти. За нејзината поезија во 2016 година ја добила книжевната награда „Премиер Леви Ешхол“.
Волја Гапеева која за прв пат ќе гостува во Битола, е од Белорусија, позната поетеса, мислителка, преведувачка и лингвистка. Нејзините дела се преведени на над 10 светски јазици. Член е на белорускиот ПЕН Центар и Унијата на белоруски писатели.
Во заедничката вечер на поетите, во Битола ќе учествува и Дину Фламанд еден од основачите на магазинот „Екинокс“ кој, во последниве неколку децении, стана темел на едно од најважните литературни движења во поствоена Романија. Добитник е на голем број награди меѓу кои и националната награда „Михаи Еминеску“.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен
-
Пелоси го обвинува Бајден за поразот на Харис и демократите
-
Млад манијак осомничен за полов напад на две девојки во Битола
-
Чешкиот претседател стравува дека договорот меѓу Трамп и Путин ќе биде на штета на Европа
-
Пуштање во употреба на хидросистемот „Ѓавато“
-
Состојба на патиштата
-
Српскиот премиер очекува уште оставки поради трагедијата во Нови Сад
-
Зоолошката градина во Скопје од денеска повторно отвoрена за посетители