Македонија
17. August 2017 - 16:44

Откупните цени на грозјето ќе ги формира пазарот

Винарниците најавуваат целосен откуп на грозјето и покрај, како што велат, финасиските проблеми, недостигот на ликвидност и вишокот залихи.

Очекуваат откупната цена да го достигне ланското ниво бидејќи приносите годинава се намалени заради премрзнувањето.

На состанокот со ресорниот министер дискутирале за изготвување стратегија за успешна винска индустрија.

- Македонија не е позната винска земја подалеку од Хрватска. Имаме уште многу да работиме на имиџот, рече Никола Деребанов од винарска визба Стоби.

Министерот Николовски најави континуиран дијалог со винариите и навремено реагирање за можните проблеми.

- Ќе настојуваме да се реши секоја ситуација што како горлива ќе ја предочат производителите и откупувачите. Сите заеднички ќе придонесеме во креирањето суштински мерки, изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

Николовски потсети дека владата донесе одлука лозарите годинава да добијат линеарно зголемување на субвенциите за 10%. Една од целите на мерката беше да се надомести дел од штетата од измрзувањето на насадите.