Спорт плус
6. August 2017 - 18:05

СП атлетика: Кируи победник на маратонската трка

Маратонецот од Кенија Џефри Кипкорир Кируи е новиот светски првак во маратон откако триумфираше на маратонската трка што се одржа низ улиците на Лондон како дел од Светското првенство. Тој маратонската должина (42.195 метри) ја мина за 2:08.27 часа што е негово најдобро време во 2017 година.
Второто место му припшадна на Тамират Тола од Етиопија со време 2:09.49 часа, а трет целта ја мина Алфонс Феликс Симбу од Танзанија со резултат 2:09.51 или две секунди зад второпласираниот.
На стартот се појавија 100 маратонци, а трката ја завршија 71.