Кошарка
3. August 2017 - 11:50

Јуниорте ќе разигрува за пласман од 9-16 место на ЕП

Јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место во Б дивизијата на Европскиот шампионат за играчи до 18 години, што се одржува во Естонија. 
 
Ова е исходот по комплетирањето на средбите од последното 5.коло на Д групата одиграни синоќа по кои црвено-жолтите завршија како четврто пласирани во групата. 
 
Противник на нашите јуниори во првиот меч од разигрувањето ќе биде селекцијата на Португалија против која ќе играат утре, а ден подоцна во зависност од резултатот против Исланд или Шведска.