Одбележан патрониот празник на касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево
Во касарната во Кичево со пригодна прослава денеска беше одбележан патрониот празник, денот на погинувањето на народниот херој „Чеде Филиповски-Даме“.
По интонирање на химните на Република Македонија и Армијата на Република Македонија делегации на ЗОК, касарната „Чеде Филипоски-Даме“,Сојузот на борци на град Кичево, Сојузите на борци на општините Охрид, Дебарца и Струга, како и делегација на резервните офицери на град Кичево положија свежо цвеќе на алеата на великаните во кругот на касарната.
Командантот на гарнизонот на Кичево, потполковник Боро Латкоски, порача дека историјата не се заборава, таа се пишува, се надградува, и дека историјата е вистината и се памети.
-За сите нас 29 јуни е ден кој ќе остане врежан во нашата колективна меморија, ден на загуба, тоа е онај црн ден за нашата татковина, за македонското битие. Тогаш згасна животот на 22 годишниот борец, народен херој, македоснки син и патриот, Чеде Филипоски-Даме. Во својот краток живот, народниот херој Чеде Филипоски-Даме имаше бурен животен пат и успешна воено –политичка кариера. Наша обврска е да го почитуваме животното дело и несебичната жртва која Чеде Филиповски –Даме ја даде, да ние живееме во самостојна, независна и суверена држава. Затоа никогаш не смееме трагите на македонската историја кои се достојни за негување и паметење да ги заборавиме, истакна Латковски.
Во рамки на настанот своја изведба имаа и играорците од културно-уметничкото друштво „ Бисер“ од Кичево.
На прославата се реализира и тактичко-технички збор за присутните гости кои имаа можност да се запознаат со вооружувањето и опремата кои секојдневно се користат во единицата.
Ново на Сител
-
САД ќе продолжат да се ангажираат за прашања од заеднички интерес
-
Може ли за неколку месеци да се стане АИ експерт? | Growth Labs Academy | Sitel Podcast 050
-
Полицијата презема мерки за пронаоѓање шест лица - работници од Непал
-
Избувна пожар во светиниколско: Изгоре штала, две грла добиток, млин, сточна храна
-
Во Струмица oбид за киднапирање на тригодишно дете, полицијата испитува дали се работи за кривично дело
-
Мицкоски за можна средба со Мицотакис во Вашингтон: Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и добри соседи
-
Путин очекува Орбан да зборува од името на Европа за Украина
-
НАТО на самитот во Вашингтон ќе бара стандардизација на артилериската муниција