Њуз.ин: Грчки компании вршат измами преку свои фирми во Бугарија
Наспроти најавите на грчкото Министерство за финансии за засилени контроли на тековите на капитал, воспоставениот балкански бизнис коридор за сомнителни финансиски трансакции и натаму нормално функционира, објави грчкиот интернет сајт Њуз.ин.
Медиумот наведува дека според податоците на бугарските власти, на крајот на април 2016 година во Бугарија имало регистрирано околу 15.000 фирми чии сопственици се Грци или во нивното основање учествува грчки капитал. За споредба, на крајот на 2015 година во Бугарија постоеле 13.500 фирми со грчки капитал, а во 2013 година околу 9.000.
Сајтот додава дека ваквите податоци укажуваат оти само за првите четири месеци од оваа година бројот на грчки фирми во Бугарија се зголемил за околу 1.500, а таа тенденција продолжило со несмалено темпо и во следните месеци од 2016 година.
- Тоа меѓутоа не претставуваа бегство на производните капацитети од Грција кон Балканот, бидејќи како што покажуваат податоците, голем број од овие фирми се фиктивни и се регистирани само со цел преку нив да може да се купува недвижен имот или возила, наведува Њуз.ин.
Весникот „Етнос“ пак објави дека регистрирањето на грчки фирми во Бугарија претставува голема измама, со која Грција губи сериозни приходи.
Според весникот, целта на зголемниот број грчки фирми во Бугарија е да се избегнат контролите на капиталот кои се воведени во Грција, како и да се купуваат луксузни возила и недвижности со пониски даноци.
- Честа пракса е грчките компании да купуваат стоки од трети земји, како Турција и Кина, преку нивните фирми во Бугарија, од каде потоа тие се увезуваат во Грција. На овој начин тие стоки се оданочуваат со 10-процентен данок колку што изнесува во Бугарија, наместо со даночна стапка од 29 отсто, колку што е во Грција, додава „Етнос“.
Ново на Сител
-
Трамп нареди вработените во службите за поттикнување на различностите да заминат на отсуство
-
Уапсен 23 годишник од Бангладеш кој водел група од 8 мигранти од Непал
-
Туск: Европа има еднакви права да зборува за својата величественост како и САД
-
ДСЗИ бара дисциплинска постапка по смртта на новроденчињата - близначиња и стручен надзор во прилепската болница
-
„Џокер 2“ со седум номинации за „Златна малина“
-
Путин повторно го именува Игор Краснов за главен обвинител на Русија
-
Одбележани 24 години од нападот на полициската станица во тетовско Теарце во 2001 и загинувањето на полицаецот Момир Стојановски
-
Дваесет и две американски сојузни држави го тужат Трамп поради укинување на правото на државјанство по раѓање