„Њујорк тајмс“: Бројот на смртни случаи од Ковид-19 е 15 пати поголем од официјалната статистика
Бројот на смртни случаи од последици од Ковид-19 воЕквадор е меѓу најголемитево светот и се претпоставува дека починале 15 пати повеќе луѓе отколку официјалната статистика.
Според „Њујорк тајмс“ сликите од безживотни тела на тротоарите, нафрлани на колички или во картонски ковчези укажуваат на тоа дека земјата е разорена од пандемијата со новиот коронавирус.
Во Еквадор од 1 март до 15 април починале 7.600 луѓе, што е за 15 пати повеќе во споредба со просекот од минатите години. Тоа е спротивно од тврдењето на властите дека како последица од пандемијата починале 503 луѓе.
„Њујорк тајмс“ посочува и дека во првите две недели од април трипати е зголемен бројот на смртни случи.
Според официјалните податоци, во Еквадор заразени со новиот коронавирус се 11.183 луѓе, а оздравеле 1.328.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена