-->
-->
Ништо од примирје, се слушаат сирени за напад, гори појасот Газа: Жестоки судири во текот на ноќта, војската довела тенкови на границата
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2019/march/1804222_pjimage_ls-214464.jpg?itok=WwZhaT4o)
Сирените за напад продолжиле да се слушаат во израелските градови во близина на границата, а војската распоредила дополнителни трупи и тенкови на границата и соопштила дека како одговор на ракетните напади нападнале комплекс и станица на Хамас.
Немало непосредни извештаи за жртви.
Најновите судири меѓу Израел и Палестина почнале во понеделникот наутро откако седум Израелци биле ранети во ракетен напад во близина на Тел Авив. Израел потоа во знак на одмазда извел низа воздушни напади на локации ширум појасот Газа, во кој седум лица биле ранети кога во текот на нападот била погодена една куќа.
Палестинските власти потоа во понеделникот соопштиле дека Египет посредувал во постигнување на примирје. Според наводите на неименуван службеник кој е запознаен со посредувањето на Египет, примирјето стапило на сила во 22 часот по локално време. За тоа дека бил договорен прекин на огнот јавила и телевизијата на Хамас.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мажите мора да служат војска | Димитар Атанасовски | Лабави муабети | Sitel Podcast 44
-
Уапсен штипјанец кој ја нападнал сопругата со која се разведува
-
Приведен штипјанец по пријава дека физички ја нападнал сопругата
-
Сиљановска-Давкова: Компромисите со меѓународното право и принципи можат да го компромитираат европскиот и светскиот мир
-
Декларацијата на самитот во Украина најверојатно нема да биде потпишана од сите учесници
-
Кулеба: Во нацрт-изјавата од самитот во Швајцарија беа земени предвид ставовите на Украина
-
Песков: Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина
-
САД уништи седум радари на територијата контролирана од Хутите