Израел започнува дневни „тактички паузи“ во јужна Газа за да овозможи проток на помош
Израелските вооружени сили најавија дека ќе преземаат дневни тактички паузи во рамките на нивните операции во јужниот дел на Појасот Газа за да овозможат испорака на поголема количина хуманитарна помош, јави ДПА.
Паузата „ќе биде од 08:00 до 19:00 часот секој ден до понатамошно известување, по патот што води од точката Керем Шалом до патот Салах ад Дин и понатаму на север“, се вели во соопштението на израелските сили на социјалната мрежа „X“.
Идејата на паузите е „да се зголеми обемот на хуманитарна помош што влегува во Газа“, објасни израелската армија.
Трасата по која ќе се прават паузите се наоѓа јужно од градот Рафа, каде продолжуваат операциите на израелските сили, забележува ДПА.
Според Израел, Рафа, кој се наоѓа во јужниот дел на Газа, е последниот бастион на палестинското исламистичко движење „Хамас“.
Израел ја започна својата воена операција во Појасот Газа откако милитантите на Хамас извршија невиден напад врз еврејската држава на 7 октомври минатата година
Ново на Сител
-
Зоран Љутков ја презеде функцијата министер за култура, најавува макотрпна работа и инвестиции
-
Претседателот на Уставниот суд во МВР пријави закани по животот и безбедноста врз уставни судии
-
Од 1 јули Грција воведува 6-дневна работна недела!
-
Јаневска ја презеде функцијата министер за образование и наука, најавува промени креирани врз база на темелна анализа
-
Златко Перински ја презеде функцијата министер за локална самоуправа
-
Прегазен 80 годишен пензионер во Битола
-
На „Табановце“ за влез во земјава се чека до 30 минути
-
Апсење на Средно Водно, скопјани фатени со дрога