Балкан
15. November 2015 - 8:53

Нишани го повика на итна средба првиот разузнaвач во земјата

По терористичките напади во Париз, Албанија, како многу земји, ги зајакнува безбедносните мерки.

Поради тоа претседателот Бујар Нишани на итна средба го повикал директорот на албанската тајна служба - ШИШ, Вишо Ајази, јави порталот Албеу.

Според истиот извор вчера токму првиот разузнавач алармираше на поголема будност, велејќи дека ИД има длабоки корени во Албанија.

- Повеќе од 140 албански државјани се во редовите на ИД, при што поголемиот дел од нив се од маргинализираните групи, изјавил Ајази.

Албанскиот државен врв ги осуди терористичките напади во Париз и изрази длабоко сочувство до семејствата на настраданите, а во соопштението на Министертвото за надврошени работи се додава дека Албанија е на страната на Франција во борбата против тероризмот и против се она што ги загрозува „нашите заеднички вредности“.