Никому не му паѓа на памет да ја укине Катедрата по македонски јазик, истакна Заев
Јавно беше објавено и од Катедрата за македонски јазик и од соодветниот Факултет на кој е оваа катедра, дека нема никакви планови за нејзино укинување и никому не му паѓа на памет такво нешто, изјави денеска премиерот Зоран Заев, коментирајќи ги информациите за наводни планови за укинување на Катедрата.
Тој потенцира дека оваа година кога одбележуваме сто години од раѓањето на Блаже Коневски и ја славиме годината на македонскиот јазик, Катедрата и македонистите работат на дополнителна афирмација на јазикот, како и за упис на повеќе студенти на оваа Катедра.
– Се работи и на дигитализација и афримација на македонскиот јазик во светот, истакна Заев, додавајќи дека тоа е со цел да им се олесни на децата на нашите иселениците полесно да го учат јазикот, како за негова афирмација во архивите, библиотеките и другите институции во ЕУ.
Одговарајќи на новинарско прашање на промоцијата на новиот изглед на Универзалната сала во Скопје, околу „одбивањето на МАНУ за вметнување Македонија во името“, Заев нагласи дека Преспанскиот договор мора да се почитува.
– Преспанскиот договор е закон. Неговата ратификацијата е направена во Собранието и тој е закон, а законот мора да се почитува. Кога од МАНУ побараа да ги повлечеме измените на законот, ние ги повлековме без да прашаме зошто, додаде Заев.
Тој нагласи дека согласно Преспанскиот договор имаме законски рокови кои мора да се почитуваат и сите институции финансирани од државата мора да го променат своето име, а МАНУ, како што додаде, е една од тие институции.
– Најдено е многу убаво решение во разговор и договор со Грција и верувам дека ќе се најде решение и за оваа работа. Законот мора да се почитува и овде, додаде Заев.
Ново на Сител
-
Трамп: Разочаран сум и од Русија и од Украина
-
Преживеаниот Британец од Ер Индија: Во ред сум
-
Албанија: Странските директни инвестиции во првиот квартал 362 милиони евра, предничат недвижности
-
УНХЦР: Бројот на бегалци што се враќаат во татковината се зголемува, и покрај глобалните конфликти
-
Над 100 загинати во Газа за 24 часа, комуникациите во целосен прекин
-
Државен секретар на САД упати честитки до Русите по повод нивниот национален празник
-
Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел
-
Пронајдени 204 тела од уривањето на авионот на Ер Индија