Николовски: Викендов ќе паднат првите одлуки за градоначалници
Раководството на СДСМ викендов во Струга ќе ја доработи стратегијата за претстојните локални избори, а ќе паднат и првите одлуки за кандидатите за градоначалници, најави вицепремиерот за борба против корупцијата и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
Во вечерашното гостување во Тема на денот на Сител Телевизија, Николовски истакна дека е во тек повикот за пријавување кандидати за градоначниици кои не мора да се членови на СДСМ. Постапките течат, а рокот е до 30 јуни.
-Интерните и анкетата на ИРИ покажуваат дека и СДСМ и коалицијата е фаворит на претстојните локални избори. Имаме висока реализација на проектите и ветувањата, како и предкампањска активност во која најавивме 1.000 средби со граѓаните. Секој ден нашите функционери се на терен, одговараат на прашања, даваат извештај за сработеното, но и ги прибираат идеите. Овој викенд раководството на СДСМ ќе биде два дена во Струга каде ќе ја доработиме стратегијата за настап на локалните избори каде ќе паднат очигледно првите одлуки за првите кандидати за градоначалници. Летово нема да запреме со активностите, а ќе ги селектираме и одбереме најдборите, потенцира Николовски.
Ново на Сител
-
МЗ: На Клиниката за ортопедија кај 12-годишно дете извршена трансплантација со коска од донор
-
Рубио го поддржува планот на Трамп САД да ја преземат контролата над Газа
-
Вучевиќ: Мојата оставка е „незапирлив процес“
-
„Ајфон 15“ најпродаван телефон за 2024 година
-
Приведен 58-годишник од Делчево за предизвикување пожар
-
„Гугл“ веќе не забранува користење ВИ за развој на оружје
-
Грција депортираше 40 државјани на трети земји кои не добиле азил
-
Зеленски: САД заработија милијарди долари од војната во Украина