Николовски: Ќе се преземат сите мерки за да се намали времето на чекање на граничните премини
Во ек на летна сезона зголемен е интензитетот на сообраќај на граничниот премин Табановце. Денеска функционираа сите ленти и времето на чекање е околу 15-тина минути. Туристите кои патуваа кажаа дека во моментов не чекаат многу. Одговарајќи на новинарски прашања на денешниот настан на ГП Табановце, директорот на царината, Бобан Николовски рече дека проблемите мора брзо да се надминуваат за да се обезбеди непречен проток на патници. Вчера, додаде тој, биле подготвени да интервенираат, доколку пожарот од грчка страна се префрли на Богородица.
- Падот на електричниот систем секогаш кога се случува, секогаш создава проблеми. Многу е битно овие проблеми да ги решаваме ефективно максимално, многу најбрзо можно. Бројката флуктуира, меѓутоа е на многу високо ниво. Знаете патничкиот сообраќај во моментов е навистина на едно високо ниво, сезона е. Се справуваме, протокот на возила брзо оди. Дури вчера имавме застој на Богородица имаше пожар од грчката страна и ние дадовме свој придонес таму, реагиравме максимално бевме спремни во случај огнот да се сврти кон нашата држава, изјави Николовски.
Во однос на корупцијата, Николовски истакна дека останува заложбата да се сузбие иако,рече дека има службеници кои се професионалци и има кои се склони кон вакви влијанија.
- За жал, во секоја институција колку професионално да се однесуваат нели службениците, јас ќе говорам за царинските службеници, во секоја служба има и луѓе коишто се склони на вакви криминогени влијанија. Меѓутоа наша заложба, верувајте за кратко време ќе бидете убедени, е вистинска борба против организираниот криминал, шверцот и корупцијата. И не само во однос на царинските службеници, туку сите што се инволвирани во целиот овој процес на царинско работење, изјави Николовски.
Ново на Сител
-
Од среда нестабилно со локален дожд и снег
-
Русија останува отворена за дијалог за решение на конфликтот во Украина
-
Се обидел да силува и истепал болна жена роднина, соседот го затекнал па го истепал и него
-
Пожар изби наспроти „Американ колеџ“ во Аеродром
-
Рекорднo намалување на бројот на склучени бракови минатата година во Кина
-
Нова дојава за поставена бомба во средно училиште во Загреб
-
Официјално пуштена во употреба компресорската станица за хируршките клиники
-
„Еурактив“: Софија му порачува на Скопје да се држи до обврската за уставни промени