Николовски: Една од следните исплати за субвенции е за тутнопроизводство, протести има доколку се политички или партиски
Тутунопроизводителите знаат дека ги добиваат субвенциите, нема селекции, сите во еден ден ги добиваат, активно ги следиме откупот и откупните цени. Една од следните исплати од страна на Платежната агенција е токму за над 33.000 тутонопроизводители, изјави министерот за земјоделство, шумарство, водостопанатсво Љупчо Николовски одговарајќи на новинарско прашање во врска со денешните протести на земјоделците од Прилепскиот регион.
Според него, протести има доколку, како што вели се мотивирани единствено партиски или политички.
Николовски упати порака дека не е во ред во ова време на неколку кризи да се профитира и да се прават вакви потези на грбот на граѓаните заради некакви ситни политички поени кои, вели нема никој да ги добие.
Посочи дека на земјоделството не му треба партизација и политизација, заради тоа што тие како ресорно Министерство и Влада се мобилизирани како да ги решат проблемите и како да се спаси годината.
Прашан за барањата на кочанските оризопроизводите, за повисока откупна цена и за ослободување од плаќање на надоместокот за водна заедница, Николовски со одговор дека изминатите години оризопроизводителите имаат зголемени субвенции, а и со проширувањето на Програмата за интервентниот фонд ќе ги опфатат. Забележа дека на нивните сметки се исплатени и околу еден милион евра, преку Ковид пакетот, а ова е и дополнителна поддршка, опфатени се и со мерките за модернизација на нивното производство преку Програмите.
-Договорното производство покажува дека треба да седнеме и да зборуваме за цената, она што сите партнерски може и да го направиме, вели Николовски.
Ново на Сител
-
Националната мрежа на земјоделци смета дека откупната цена на лебното зрно од 12 денари е ниска
-
ЦУК: Осум пожари на отворен простор, четири се активни
-
Тешка сообраќајка во скопски Карпош, три лица повредени
-
Стефковски: Водовод и канализација и Град Скопје да обезбедат вода за Црешево, Смилковци, Маџари, Железара, Автокоманда и Ченто
-
Претреси во Скопје, две лица лишени од слобода, запленета дрога и оружје
-
Ставени под контрола пожарите кај Измир
-
УХМР: Многу топло до вторник, потоа значителен пад на дневната температура
-
Просечната откупна цена на зелката 43 денари за килограм, на доматот 45