Николов: Од новиот Клинички центар нема абер, а стариот се распаѓа.
Триото Заев-Дончев-Филипче продолжуваат да го деградираат здравствениот систем. Од новиот Клинички центар нема абер, а стариот се распаѓа.
Кога се распишуваше тендерот за новиот клинички центар во вредност од половина милијарда евра, предупредивме дека станува збор за најголемата кражба во независна Македонија.
Помина месец дена откако трае и рокот за доставување понуди. Самите компании кои се заинтересирани, најдоа забелешки. Незавршен тендер и во истиот има и многу фалинки, замислете!
Имено, една од заинтересираните фирми поднесе жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки. Оваа државна институција му вели на министерот за здравство, Венко Филипче, тендерот не чини, треба да се смени како што кажуваме.
Заклучокот е дека тендерот и условите во тендерот ја ограничуваат конкуренцијата на пазарот.
И веќе има и епилог. Државната комисија за жалби по јавни набавки постапувајќи по службена должност согласно Законот за јавните набавки утврди постоење на битни повреди! Комисијата утврди дека делови од тендерската документација, не се во согласност со Законот и истата води до дискриминација на фирмите или ограничување на пазарна конкуренција!
И сега бидејќи се покажа дека министерството за здравство и министерот Филипче не сакаат да ги направат тендерите според правните норми, Државната комисија им објаснува што треба да направат.
До 20-ти во месецов, се уште траат роковите за измени на фаличниот тендер, Филипче треба и да го промени, според сугестиите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.
Вакви дискриминации на компании во тендерска процедура не се појавуваат за прв пат во министерството за здравство. Исти вакви ограничувања или лимитирање на конкуренцијата имаше и кај тендерот за стерилизација.
Оттука, Филипче мора да одговори дали ограничувањето на конкуренцијата му е начин на функционирање и начин на местење на тендер, односно истиот да го даде на компанија која тој ја преферира?
Должни се да одговорат, дали со новиот Клинички центар, планираат да направат и нов МЕГА Глобал, но овој пат во Скопје?
Филипче, должни сте за многу одговори. Или треба да одговорите или треба заминете од функцијата.
Ново на Сител
-
Руте: Путин знае дека ќе изгуби ако го нападне НАТО
-
Оружје пронајдено во напуштени магацински простории на подрачје на Гази Баба
-
Малолетник прободен со нож во автобус на ЈСП
-
87-годишна жена измамена за 6 илјади евра
-
Нападната малолетничка во Чаир - настанот бил снимен и објавен на социјалните мрежи
-
Родителите на Пешева задоволни од пресудата доживотен затвор за убиецот на нивната ќерка
-
ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ разговараат за промена на државниот грб, потврди Мицкоски
-
Поднесена жалба до Врховен на одлука за повторување на постапка за сообраќајка во која загина 16-годишник