Николоски: Ја повикуваме Владата да ги објави уставните амандмани
Денеска сме во посета на општина Кисела Вода, во населба Драчево, село Драчево и Писојница. Тука сме на средби со граѓаните да продискутираме околу актуелните состојби, пред се поврзани со референдумот кој што се однесува на преименување на Република Македонија, да ги слушнеме нивните ставови и нивните гледишта, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски по денешната посета на Општина Кисела Вода.
Тој посочи дека граѓаните се навистина загрижени за сето она што се случува, има огромен отпор кон овој договор.
-Граѓаните, пред се етничко Македонци не го прифаќаат, се против преименувањето и промената на Уставот, како и промената на националниот идентитет на Македонците. Во исто време се отвора прашања зошто на 10-тина дена до референдумот владата не ги објавува уставните амандмани затоа што клучниот дел од договорот е промена на Уставот, промена на Преамбулата, на членовите 3 и 49 како и промена секаде онаму каде што пишува Република Македонија во Република Северна Македонија. Јавно уште еднаш прашуваме зошто владата не ги објави амандманите и која е целта на не објавување на амандманите? Образложението дека ќе сработат по одржување на референдумот не држи, образложението дека треба време исто така не држи затоа што се работи за едноставни кратки амандмани. Можеби држи она што го кажа премиерот Заев а тоа е дека граѓаните ќе се уплашат доколку ги видат амандманите, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Николоски нагласи дека како партија ја ја повикуваат владата да ги објави, баш за да можат да ги видат граѓаните и да видат кој е тој голем страв кој што го крие владата од нив.
Ново на Сител
-
198 санкционирани возачи во текот на изминатиот викенд на подрачје на СВР Битола, 84 за брзо возење
-
Тешко повредено едно лице, откако возило излетало на железничка пруга
-
Англија со победа го започна ЕП – Белингем и пресуди на Србија
-
Комплетиран предлог составот на новата влада, гласањето најавено за 22 и 23 јуни
-
Американски турист пронајден мртов на остров во близина на Крф, исчезнаа уште тројца туристи
-
Шест години од потпишувањето на Договорот од Преспа
-
Лидерите на ЕУ на неформална средба ќе расправаат за избор на носителите на врвните функции во Унијата
-
Столтенберг во посета на САД и Канада