-->
-->
Ни доаѓа Света Петка- штити од разни несреќи, но и од многу болести
-->

На 27 октомври се празнува света Петка. Православните верници ја слават Света Петка или Црна Света Петка, зошто веруваат дека оваа светица ги штити од разни несреќи, но и од многу болести.
Оваа славна светителка се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите ѝ беа богати и благочестиви христијани, а освен Петка имаа и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонаши и подоцна стана угледен епископ Малитски. По смртта на родителите девицата Петка желна за подвижнички живот го напушти родителскиот дом и отиде најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што се подвизуваше до својата старост. Кој би можел да ги прикаже сите трудови и страдања и демонски искушенија што ги претрпе Света Петка во долгата низа години? На старост еднаш ѝ се јави ангел Божји и ѝ рече: „Остави ја пустината и врати се во твојата татковина, таму треба да ѝ го предадеш телото на земјата, а со душата ќе се преселиш кај Господ.“
Света Петка го послуша небесниот глас, ја остави својата омилена пустина и се врати во Епиват. Тука таа поживеа уште две години, пак во непрестајна молитва и пост и потоа го предаде својот дух на Бога. Се упокои во 9 век.
Нејзините чудотворни мошти низ вековите беа пренесувани: во Цариград, во Трново, па пак во Цариград, па во Белград. Сега се наоѓаат во Романија, во градот Јаши. Во Белгард постои вода (агијазма) на Света Петка, која што чудотворно ги лечи сите болни што ѝ притекнуваат со вера во Бога и со љубов кон светителката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
До вторник услови за слаб дожд и снег на планините
-
Германскиот претседател ги повика граѓаните да гласаат
-
Училиштата на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, поради земјотресите остануваат затворени уште една седмица
-
Утре пред Собранието законските измени за сметководителите
-
Истрага против дилер на марихуана во Тетово
-
Путин: Русија ќе ги зајакне своите воени капацитети
-
Дуда: Трамп ќе ја посети Варшава, најави зајакнување на американското воено присуство во Полска
-
Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка