Незапаметено невреме, низ Германија протатни бура, две лица загинаа
Две лица загинаа, а сообраќајниците се силно погодени од бури кои синоќа ја зафатија Германија.
50-годишен маж загина во градот Холденстед кога стебло паднало врз неговиот автомобил, а дрвото поткачило и велосипед кој се наоѓал во негова близина и тешко го повредил.
Ист таков инцидент се случи и во околината на Гифорн, во Долна Саксонија, каде загина жена (83).
На берлинските аеродроми Шенфилд и Тегел се откажани повеќе дестици летови, а најавени се неколку откажувања.
Во повеќе области застанаа возовите, па така над 800 луѓе се заглавени на главната железничка станица во Бремен. Германски железници им дозволија на патниците во Хамбург, Хановер, Бремен и Касел да се сместат во вагоните кои стојат и така да се заштитат од невремето.
Во Хановер накратко е прекинат концертот на Ганс енд роузис, па е продолжен откако дождот запрел.
Бурите синоќа го погодија и југот на Германија, но со послаб интензитет.
Ново на Сител
-
Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка
-
Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019
-
Активни шест пожари, вкупно 14 на отворен простор
-
Пронајдена е исчезнатата Билјана од Прилеп
-
Пронајден починат 55-годишен скопјанец во водите на Охридското Езеро
-
Редици пред првата „Лабубу“ продавница во Германија
-
Скопско со нова кампања: Вкусот што нѐ опушта и прави да сме свои
-
На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека 20 минути