Невреме проследено со град во Делчевско
Невреме проследено со град, денеска попладне го зафати делчевскиот регион. Во селото Очипала граѓани информираат дека градот бил со големина на лешник, додека градоносни врнежи се регистрирани и во неколку останати села.
– Во село Очипала врнежите од град беа нешто поголеми од форма на крупен лешник. Од штети првично може да констатираме дека е забележливо издупчување кај компирот и гравот. Врнежите потоа беа мешани во комбинација на град и обилен дожд, вели Драго Ристовски, жител на селото Очипала.
Врнежи од град со големина на орев се регистрирани и на планината Голак, каде освен издупчување на градежни материјали и возила, поголеми штети не се забележани.
– Големи штети овде нема бидејки сме во планина, освен штетите на возилата и дел од лимаријата, додава Стево Богдановски кој крупните зрна град ги регистрирал кај својата викендичка на Голак.
Поради обилните врнежи попладнето во Пијанец се вози по влажни коловози, а како што јавуваат возачи, регистрирани се и поситни одрони долж патниот правец Делчево – М.Каменица, кој е дел од магистралата А3.
Ново на Сител
-
Од руско заробеништо вратени 4.306 украински војници
-
„Солун во молк за Кочани“ – точно напладне собир на солунскиот плоштад
-
Лишен од слобода возачот кој удри малолетничка во Ѓорче Петров
-
Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола
-
Српскиот патријарх одржа молитва за жртвите во Кочани
-
Трамп им ја укина државната заштита на Камала Харис и на Хилари Клинтон
-
Сончево со умерена облачност, температури до 20 степени
-
Состојба на патиштата