Царовска за учебниците: Родителите да се информираат и да не потпаѓаат на влијание од партиски ботови
Целата реформа за дигитализација на учебниците е за учениците, уверува министерката за образование и наука, Мила Царовска.
За петицијата „Учебници и настава од Септември“, која досега ја потпишаа повеќе од 11.600 граѓани, Царовска вели дека родителите се доведени во заблуда дека во иднина нема да има учебници.
-Апсолутно тоа е погрешна слика која некој се обидува да ја постави и групите имаат дел родители, но исто така е многу интересно што во нив имаме и партиски структури. Затоа ги повикувам родителите на бидат информирани, детално да ги следат одговорите на прашања коишто ги пласира МОН како надлежна институција, да не подлегнуваат на манипулации, на партиски ботови кои се поставуваат во одредени групи. Тоа е значајно многу поради здравјето и интересот на нашите ученици, рече Царовска.
Според неа, до лани најголема дискусија меѓу родителите била тежината на ранците, а со оваа промена се решава тој проблем.
Појасни дека дигитализацијата нема да значи дека децата цел ден ќе бидат пред електронски уред бидејќи идејата е децата повеќе време да поминуваат во училиште, а домашните задачи да се пишуваат во училиште.
Инаку, принтањето на учебниците за оние родители кои ќе сакаат нивните ученици да учат од хартија ќе паднат на товар на родителите. Училиштата се обрзани хартиени учебници да обезбедат за децата кои доаѓаат од социјално ранливи категории.
Токму тоа и предизвика најмногу реакциии во јавноста. На социјалната мрежа „Фејсбук“ се појави група „Учебници и настава мора да има“ во која досега зачленети се околу 50.000 членови. Според информации на Сител, в понеделник претставници на родителите ќе ги формализираат нивните барања и заедно ќе бараат од МОН родителите да не ги принтаат сами учебниците туку тоа да го прави МОН, но и децата од први септември да се вратат на настава со физичко присуство.
Во однос на почетокот на следната учебна година, Царовска вели дека родителите и учениците навремено ќе бидат информирани како ќе ќе изгледа наставата од 1 септември. Сега, приоритет за надлежните е завршување на оваа учебна година и спроведување на државната матура.
Даниел Василев
Ново на Сител
-
Таравари: Подготвен е протокол според кој идната недела ќе бидат пречекани првите пет пациенти кои се лекуваат во странство
-
Молебен за Кочани во црквата св.Архангел Михаил во Неиве Италија
-
Папата Франциск отпуштен од болница и се појави во јавноста прв пат по пет недели
-
Трамп: Никој не може да го спречи Путин освен мене
-
Вонредни инспекциски контроли во сите објекти од јавен карактер низ државата
-
Митева: Контролите ќе бидат етапни и долгорочни, надлежните институции континуирано ќе работат
-
Настов: На шест пациенти им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници
-
Ограбен апартманот на пензионер кој живеел во старски дом