Невработеноста во ЕУ на најниско ниво од 2000-та година
Податоците од Евростат објавени денеска покажуваат дека стапката на невработеност во ЕУ паднала на 6,2 отсто во декември 2019, што е најниско ниво од јануари 2000-та.
Падот на стапката на вработеноста е континуирана во последните месеци. Во споредба со претходната година, невработеноста паднала за 747 илјади во ЕУ, а за 592 илјади во еврозоната.
Перформансот на Еврозоната е малку полош, со стапка од 7,4 отсто во декември 2019, што е најниска бројка од мај 2008.
Најниска невработеност имаат Чешка со два отсто, и Германија и Холандија со 3,2 отсто, соопшти Евростат. Додека најголема стапка имаат Грција со 16,6 отсто, и Шпанија со 13,7 отсто.
Невработеноста на младите, исто така, опаѓа, но побавно: од 14,6 отсто во декември 2018 на 14,1 отсто во декември 2019 во ЕУ.
Ново на Сител
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски
-
Венко Крстевски ќе раководи со Кочани до локалните избори
-
Осомничениот Дритон Куќи се врати во Македонија, истрагата за пожарот во Кочани продолжува
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски