Невладината КХАМ ќе додели хигиенски пакети за социјални семејства
Невладината организација КХАМ од Делчево се вклучува во обезбедувањето поддршка за најранливите категории граѓани од ромска популација. За таа цел, како што информираше извршниот директор на КХАМ, Зекир Абдулов, во наредниот период ќе бидат доделени хигиенски пакети за најзагрозената категорија граѓани.
– Во регионот каде работиме располагаме со 300 хигиенски и дезинфициони пакети кои треба да бидат поделени на ранливите семејства, кои во моментот поради пандемијата со коронавирудосот не се во можност да дојдат до средства, вели Абдулов.
Активностите според предвиденото ќе продолжат и со доделување прехранбени производи за овие лица.
-Во наредниот период ќе се донираат и прехранбени производи. Се надеваме дека оваа поддршка ќе биде соодветна за помош на најранливите групи преку зголемување на можноста за одржување на редовна хигиена кај оваа категорија граѓани, истакна Абдулов.
Активностите ќе се реализираат преку програмата за јавно здравје со поддршка на фондацијата Отворено општество Македонија.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости