-->
-->
Нетанјаху: Војната може да заврши уште утре доколку Хамас го положи оружјето и ги врати заложниците
-->
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изјава на англиски јазик го нарече убиството на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, „почеток на крајот“ на војната во Газа.
-Имам едноставна порака до жителите на Газа – оваа војна може да заврши уште утре. Може да заврши доколку Хамас го положи оружјето и ги врати нашите заложници. Израел ќе ја гарантира безбедноста на сите оние кои ќе ги вратат нашите заложници. Ако некој им наштети на заробениците Израел ќе ги лови и ќе ги изведе пред лицето на правдата, рече Нетанјаху.
Израелскиот премиер додаде дека оската на теророт изградена од Иран „се урива пред нашите очи“.
-Владеењето на теророт што го наметна иранскиот режим врз својот народ и народите на Ирак, Сирија, Либан и Јемен ќе заврши, рече Нетанјаху.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Енормно зголемена потрошувачката на вода во Скопје, можни се рестрикции и намален притисок
-
Струшките плажи и годинава без спасители на вода
-
За шест часа казнети 600 возачи
-
Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари
-
Николоски: Започна да се користи новиот автопат од Врбјани до Ботун, следуваат нови прокети
-
Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари
-
Двајца мртви и повеќе повредени во пукотници во Кентаки
-
Шекеринска за Хина: НАТО нема да отстапи од поддршката за Украина