Нетанјаху: Притисокот треба да биде насочен кон Хамас, а не кон Израел
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска апелираше „притисокот да се насочи кон Хамас“ и го осуди неговото „тврдоглаво одбивање“ на договор за примирје во Појасот Газа.
- Хамас опстојува на своето одбивање и не испрати ниту свој претставник на преговорите во Доха. Затоа, притисокот треба да биде насочен кон Хамас и неговиот лидер Јахја Синвар, а не кон израелската Влада. Силниот воен притисок и силниот дипломатски притисок се само начини да ги ослободиме нашите заложници, истакна Нетанјаху.
На 15 и 16 август во Доха се одржаа мировни преговори, на кои не присуствуваа претставници на Хамас. Израелските преговарачи разговараа за прекин на огнот во Појасот Газа со катарски, египетски и американски посредници.
- Постои надеж дека значителниот притисок од САД и посредниците врз Хамас ќе овозможи да се укине противењето на Хамас на американскиот предлог, кој вклучува елементи прифатливи за Израел, наведе Нетанјаху.
Хамас пред два дена соопшти дека не ги прифаќа „новите услови“ за примирје и го осуди „американскиот диктат“.
- Постојат работи во кои можеме да бидеме флексибилни, а други во кои не можеме. Затоа, со значителни напори да ги вратиме нашите заложници, остануваме цврсти на принципите што ги воспоставивме, а кои се клучни за безбедноста на Израел, посочи Нетанјаху.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен утре ќе го посети Израел. Тоа ќе биде негова деветта посета од почетокот на војната на 7 октомври.
Ново на Сител
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО ДПМНЕ
-
Јавна расправа: Има ли спас за студентските домови во Македонија?
-
Жители на Батинци: Живееме како во контејнер оти Дрисла пушта канцерогена вода во Маркова Река
-
Хирурзи и специјалисти од приватни болници се враќаат во државното здравство