Нетанјаху најави „интензивни операции“ на Западениот брег по нападите во близина на Тел Авив
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на израелската армија да спроведе „интензивни операции“ на Западниот Брег, по експлозиите во неколку празни автобуси во близина на Тел Авив вчера, се наведува во соопштение од неговиот кабинет.
Во експлозиите нема повредени, а полицијата ги истражува како можен терористички напад.
Израелската полиција соопшти дека три експлозии одекнале во автобуси во две населени места во предградијата на Тел Авив, при што биле пронајдени уште четири експлозивни направи.
Локалните медиуми прецизираа дека сите автобуси биле паркирани во депоа. Во истрагата учествуваат израелската армија, полицијата и безбедносната служба „Шин Бет“.
Полицијата трага по осомничени и ги повика граѓаните на зголемена внимателност. Досега никој не презел одговорност за нападите.
Нетанјаху синоќа одржа итен состанок со министерот за одбрана, воениот врв, директорот на „Шин Бет“ и полицискиот комесар.
Портпарол на полицијата изјави дека пронајдените експлозивни направи биле опремени со тајмери, а како превентивна мерка, сите јавни превозни средства се подложени на безбедносна проверка.
Во одговор на нападите, израелската армија најави зголемување на антитерористичките активности на Западниот Брег и блокирање на неколку влезни пунктови кон палестинските територии, без да прецизира кои.
Ново на Сител
-
Дејвис куп: Македонија стартуваше со максимални 3:0 против Малта
-
Пониква станува рехабилитациски центар за повредените од трагедијата во Кочани
-
Маринците пристигнаа во Лос Анџелес, но сè уште немаат наредба да интервенираат
-
Бројот на жртвите од масакрот во Грац се искачи на 11
-
Црвениот тепих од Канскиот фестивал се продава по едно евро за килограм
-
Витаминот Д може да спречи 30.000 смртни случаи од рак годишно, покажуваат истражувања
-
Тежина, звук и дамка: Клуч за избор на совршена лубеница
-
ЈСП Скопје: Средношколците имаат право на бесплатен јавен превоз за време на летниот распуст