Нетанјаху: Хамас викендов го отфрли предлогот за враќање на преостанатите заложници
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Хамас викендов го отфрлил предлогот за враќање на половина од преостанатите живи заложници што ги држи во Појасот Газа, бидејќи бара прекин на војната и повлекување на израелската армија од палестинската енклава.
„Ако сега попуштиме пред барањата на Хамас, сите големи достигнувања од војната, кои ги постигнавме благодарение на заслугите на нашите војници, нашите паднати и нашите херојски ранети, сите тие достигнувања ќе исчезнат“, рече Нетанјаху, објави „Тајмс оф Израел“.
Тој додаде дека нема да „попушти пред убијците“.
„Како ваш премиер, нема да попуштам пред убијците кои го извршија најтешкиот масакр врз еврејскиот народ од Холокаустот. Таквото попуштање ќе ја загрози земјата и вас“, додаде тој.
Нетанјаху, исто така, ги отфрли тврдењата дека Израел може да го измами Хамас да ги врати сите заложници, а потоа да ја продолжи војната, велејќи дека меѓународната заедница нема да го дозволи тоа и дека оние кои се залагаат за таква тактика не разбираат како функционираат меѓународните односи.
Ново на Сител
-
Нови учебници, интегрирање на вештачката интелигенција, воведување целодневна настава, најавува министерката Јаневска
-
Притвор за 53-годишник осомничен за продажба на кокаин во Велес
-
Вучиќ со порака од Одеса: Србија сака да обнови еден или два града или помал регион во Украина
-
Внука со нож се обидела да ги убие сопствените баба и дедо во Битола
-
Скалони за ремито со Колумбија: Беше добар тест
-
Кулибали по победата над Англија: Ова е историски момент за Сенегал
-
Нова сезона на АТЛ започнува од Охрид
-
Советот на Европа ја повика Словенија да го признае хрватскиот јазик како малцински јазик во земјата