Македонија
25. March 2019 - 12:26

Несреќа на македонските патишта - прегазено 11-годишно дете

Несреќа на македонските патишта, прегазено  11 годишно дете. Според информациите на полицијата, вчера   околу 12.45 часот на регионалниот пат Ратае-Желино, во с.Шемшово- тетовско, патничко возило „Фиат пунто“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.М.(48) од Скопје, удрило во 11-годишно дете од Шемшово, кое управувало велосипед.
 
Повреденото дете било пренесено во тетовската клиничка болница.
 
Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.