Несреќа кај салата „Борис Трајковски“ - повредени татко и син
Сообраќајна несреќа кај салата „ Борис Трајковски“, повредени татко и син. Според информациите од полицијата, вчера во 23.30 часот во близина на салата „Борис Трајковски“, мопед „Јијинг“, управуван од И.З. (41) година од с.Бардовци, скопско, удрил во рабник и метални столбчиња на тротоарот. Притоа, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.
Сопатникот на мопедот, осумгодишно дете, со друго возило било пренесено во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде му биле констатирани телесни повреди, по што било пуштено на домашно лекување Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица