-->
-->
Неславно деби на селекторот Червар во Чешка
-->
Чешка ја порази Македонија 28-22 (14-10) во првиот бараж натпревар за пласман на Светското ракометно првенство, кое во јануари наредната година ќе се игра во Франција.
Ракометарите во Злин одиграа далеку под своето ниво, одбраната беше премногу порозна, нападот неорганизиран, во кој единствено Кирил Лазаров постојано се закануваше.
Чесите, од друга страна, од почетокот ја играа својата игра, максимално ги користеа слабостите на противникот, а одличниот голман Галија мечот го заврши со 16 интервенции.
Играта на македонските ракометари во Зилн, преодна оцена може да добие само во првите 15 минути, кога постојано одржуваа предност од еден гол. Чесите потоа, благодарение во прв ред на голманот Галија, кој пет од своите седум одбрани во првиот дел ги забележа од 18-та до 30-та минута, најпрво со серија од три гола стигнаа до 8-6, а откако Македонија одговори со два гола, Чесите со нова серија 6-1 го завршија полувремето со 14-10.
Ниту паузата не успеа да ги разбуди од летаргичноста „црвено жолтите“, тешко ја пробиваа противничката одбрана, а кога ќе изградеа позиција за шут не можеа да го пробијат брилијантниот голман Галија.
Галија им овозможи на Чесите на нецели три минути да дојдат до максималните седум голови предност (27-20).
До крајот на мечот Македонија успеа да го ублажи поразот постигнувајќи два гола, а прими еден за конечни 28-22.
Кире Лазаров со осум голови беше најефикасен на натпреварот, додека Чешка ја предводеа Здрахала со седум и Стерлик со шест голови.
Реваншот во Скопје, ќе се одигра в среда со почеток во 20 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп на молитвениот појадок: Не можете да бидете среќни без религија, вратете го Бог во вашите животи
-
Статуата на Роналдо откриена на „Тајмс Сквер“ по повод 40-тиот роденден на Португалецот
-
Комисија од тројца судии ќе треба да испита дали имало пропусти во одлуката на судијката за предметот на Васил Јованов
-
„Адвокатот на Васо ќе објави снимка како плаче над мртвото тело, апелирам медиумите да не ја објавуваат“, напиша сестрата на Фросина
-
Дојавите за бомби во хрватските училишта биле испратени од сервер во Африка
-
Членови на семејството на Фросина во Јавното обвинителство биле информирани за текот на постапката и прибраните докази
-
Без струја утре делови од Арачиново, Илинден, Карпош и Сопиште
-
Креативците од ООУ „Гоце Делчев“ - Центар ги насликаа културните наследства во општината