Македонија
4. January 2019 - 14:35

Непрооден е патот кон селата Рич и Белотино

Снегот кој паѓа од од утрово во Струмица ги отсече селата Рич и Белотино. Патот кој води до овие две села од пладне го расчистува механизација на градежната  компанија „Жикол“.

Според информации од Центарот за известување другите локални и регионални патни правци во општината се проодни.

Висината на снежната покривка во Струмица изнесува околу 10 сантиметри, а снегот и понатаму паѓа.