-->
-->
Непроценлива вредноста на ресурсите од сливот на реката Дрим
-->

Суштинската вредност на сливот на реката Дрим е бесценета, а Дримскиот басен е еден од најважните слатководни „жаришта” на биолошката разновидност во Европа. Тоа е истакнато во публикацијата „Природното богатство и вредности на Дрим“ што заедно со невладините организациии е изработена во рамките на заедничките активности од прокетот за управување со Дримскиот басен.
„Независно дали сфаќаме или не, слатководните екосистеми, заедно со биодиверзитетот и екосистемските услуги што ги обезбедуваат го одредуваат квалитетот на животот и добросостојбата на луѓето. Ние како индивидуи можеме да направиме разлика едноставно преку почитување на правото дека сите суштества можат да ги користат придобивките од оваа планета и преку превземање на индивидуални или колективни чекори кон заштита на биодиверзитетот на сливот на реката Дрим“, се наведува во брошурата.
Посебен дел во публикацијата е одвоен и за Охридското Езеро, како едно од трите езера во Дримскиот Басен. За него се наведуваат податоци како едно од неколкуте најстари езера во светот, проценета на две до десет милиони години, а истовремено едно од најдлабоките со 280 метри. Поради големата старост и изолираност од околните планини, во езерото се развиени уникатни растителни и животински видови. Присутни се околу 1200 автохтони видови од кои повеќе од 220 се ендемични, се вели во публикацијата.
Инаку, проектот „Дримски басен“ има за цел поддршка на заедничкото управување со ресурсите во него, градење консензус меѓу државите по однос најважните прашања, консолидација на заедничкото знаење во басенот за заедничка анализа и надзор, изградба на основа за заедничко управување – подготвување на стратегиски план за басенот, институционално зајакнување односно формирање заедничка меѓудржавна комисија, демонстрација на технологии и практики преку пилот-проекти во басенот, како и инволвирање на јавноста во одлучувањето и подигнување на јавната свест за неговата важност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кац: Израел е решен да го победи Хамас во Газа, ќе дејствуваме како една тупаница
-
Пожарот во ловиштето „Јасен“ сè уште активен, одбраната на објектите на претпријатието продолжува и во текот на ноќта
-
ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија
-
Левит: САД имаат многу алатки за да помогнат во завршувањето на конфликтот во Украина
-
Трамп: Постојат 25 проценти веројатност состанокот во Енкориџ да не успее, Путин е подготвен на договор
-
ЦУК: Од вкупно 27 пожари на отворен простор, активни се шест
-
Студентите во блокада за вечерва најавија нови акции во повеќе српски градови
-
Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило